Почетино после поразот: Целиот свет виде што се случи во првата минута

После поразот на неговиот Тоненхем во финалето од Лигата на шампиони од Ливерпул со 0-2,  тренерот Маурицио  Почетино изјави дека клучниот момент за целото финале се случу во 20-та секунда кога е досуден сомнителен пенал за Ливерпул.

“Целиот свет виде што се случи. Било каков план кој го вежбавме три недели, падна во вода. Никој не очекуваше таков шок, а штетата беше непорпавлива. Не знам дали беше пенал, Сисоко во ниеден момент не одеше со раката на топката, но тоа е судска одлука. Психолошки беше тешко да се прифати дека после првата минута губите со 1-0 во едно финале од Лига на шампиони”. изјави Почетино на прес-конференцијата после финалето.

Тотенхем во второто полувреме превзема поголем ризик, ја имаше топката во свој посед и имаше дупло повеќе удари кон голот од противникот, но тоа не беше доволно. Ливерпул ги докрајчи со голот на Ориги во 87-та минута.