Почина боксерот Патрик Деј, откако беше во кома поради нокаут

Боксерот Патрик Деј почина на 27 годишна возраст, Американецот им подлегна на повредите здобиени од борбата со Чарлс Конвел пред четири дена.

Нова трагедија во боксот, животот го загуби 27 годишниот Патрик Деј. Американецот изминатиов викенд имаше борба со својот сонародник Чарлс Конвел во Чикаго и беше нокаутиран во 10. рунда.

Тој најпрво доби третман во рингот, за на носилки да биде изнесен и веднаш да биде пренесен во болница каде итно беше опериран. Поради тешки повреди на мозокот, Патрик Деј беше ставен во вештачка кома, но за жал по четири дена почина.

Американецот е четвртиот боксер кој почина во 2019. Русинот Максим Дадашев и Уго Алфредо Сантиљан од Аргентина починаа во јули, а Бугаринот Борис Станчов го загуби животот по борба во септемеври.