По донесувањето на новиот закон, секој Филипинец треба да засади 10 дрвца пред завршувањето на своето образование. Резултатот е 525 милиони нови дрвjа за само една генерација

Замавот на глобалното затоплување го крена светот на нозе. Дури и државите кои не го потпишаа парискиот договор се вклучија во борбата против климатските промени.

Сведоци сме на катастрофални последици од човековиот однос кон природата како што се целосно изумирање на некои животински видови, пожари од епски размери, згадување на воздухот, скиселување на океаните, изумирање на коралите итн.

Така повеќето држави најпрвин се ориентираа кон зелена (сончева) енергија, ја огрнаичија емсиијата на CO2, започнаа со производство на електрични автомобили, садење на дрвја, рециклирање на пластиката итн.

Што се однесува до садењето на дрвја, Филипинците излегоа навистина креативни така што донеоа закон со кој секој Филипинец треба да засади најмалку 10 дрвја пред завршувањето на своето образование. Со оглед на нивната популација тоа е ни повеќе ни помалку туку 525 милиони нови дрвја за една генерација.

Се надеваме дека овој чекор ќе почнат да го следат и другите земји, вклучувајќи ја и нашата, со кој што значително би ја зголемиле зелената површина во државата и успешно би се спротиставиле на климатските промени!

Loading...