Прво европско финале на “полупразни” трибини

Челзи го победи Арсенал со 4:1, и ја освои Лигата на Европа во финалето одиграно во Баку, Азербејџан. УЕФА водена од маркетингшки и финансиски мотиви оваа година финалето го дислоцираше од срцето на Европа што резултираше со неисполнет стадион и на моменти приспивна атмосфера, недостојно за едно европско финале.

Англиките клубови финалисти, на УЕФА и вратиле 6000 карти поради незаинтересираноста на фановите да патуваат дури до Азербејџан. Дека во случајот грешката е во УЕФА, а не до англиските љубители на фудбалот, говори и фактот дека Тотенхем ги распродаде сите влезници за финалето на Лигата на Шампионите, кое ќе се игра во Мадрид а ќе се гледа и на нивниот стадион во Лондон, на видео бимови.