Прекрасни француски народни мудорсти: „Денот без вино е како ден без сонце.“

Французите се нација која е позната по тоа што знае како да ужива во животот. Тие ја ценат убавината и сакаат да наздрават во нејзино  со чаша квалитетно вино. Ова се неколку интересни нивни народни мудрости:

 „Љубовта е единствена болест од која не сакаме да оздравиме.“
 „Денот без вино е како ден без сонце.“
 „Цената брзо се заборава, а квалитетот е тоа што останува.“
„Љубовта прави да минува времето, времето прави да минува љубовта.“

– „Сè ќе помине освен добрината која сте ја направиле.“
– „Жената е загатка – престанува да ви се допаѓа во моментот кога ќе ја одгатнете.“
– „Младоста живее од надежта, а староста од спомените.“
– „Малите потоци прават големи реки.“
– „Во вистинската љубов душата го љуби телото.“
– „Почекајте ја ноќта за да кажете дека денот бил добар.“

– „Тројца можат да сочуваат една тајна, ако двајцата од нив се мртви.“
– „Бог често нè посетува, но ние во поголемиот дел од времето не сме дома.“
– „Богатството се стекнува со пот, се поседува со страв, а се напушта со тага.“
– „Ако не можеш да гризеш, не покажувај заби. “
– „Не постои толку мека перница како што е чистата совест.“
– „За човекот треба да судите по неговите прашања, а не по одговорите.“