Претседателот на Австрија повторно сликан како оди на работа во метро, без обезбедување и придружба (фото)

Претседателот на Австрија Александар Ван Дер Белен повторно ја воодушеви јавноста и покажа дека положбата, моќта и славата не го промениле.

Тој е фатен на слика како се вози со метро во Виена, како секој друг граѓанин во тој град.

Не бил опкружен со обезбедување и цело време стоел и мирно го листал весникот кој го носел со себе.

Ова не е прв пат Ван дер Белен да користи градски превоз за да се движи низ Виена. Истото се случило и во јануари, а во таа прилика фотографијата ја сподели на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/BsnV-c3nqry/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B4iGYDoFyOE/?utm_source=ig_embed