Погледнете го моментот кога проектил го погодува украинскиот авион! Потврдена е автентичноста на снимката!

На социјалните мрежи утринава се појави првата снимка на која се гледа како украинскиот патнички авион го погодува ракета, набрзо по полетувањето од аеродромот во Техеран.

Како што е познато, патничкиот авион „Боинг 737-800“ на украинската национална авиокомпанија Ukraine International Airlines се сруши неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во близина на Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Иако иранските власти непосредно по несреќата веднаш донесоа заклучок дека причината за падот е дефект на еден од моторите на авионот, веднаш се појавија бројни гласини дека авионот е срушен од ракета.

Утринава на Telegram се појави првата снимка на која може да се види како ракетата на иранската против-воздушна одбрана го погодува патничкиот авион во близина на аеродромот на Техеран. Откако проектилот го погодува леталото, доаѓа до мала експлозија, по што авионот започнува да ја губи висината, а пилотите според податоците на Flight Radar се обидуваат да го завртат авионот и да се вратат назад на аеродромот.

Според експертите, сега е речиси сигурно дека авионот е соборен од страна на иранската Револуционерна гарда, веројатно по грешка.

Имено, истата ноќ пред падот на украинскиот патнички авион, иранската Револуционерна гарда изведуваше ракетни напади на американски воени бази во соседен Ирак, па поради тоа што целата армија и против-воздушната одбрана била на висок степен на готовност, веројатно некој по грешка помислил дека украинскиот патнички авион е непријателски авион кој го напаѓа Техеран.

Не пропуштајте: Кобната ноќ на украинскиот авион: Бизарна случајност, рушење со ракета или нешто трето?

Американски „Њујорк Тајмс“ во меѓувреме објави дека нивните новинари успеале да ја утврдат автентичноста на објавеното видео со помош на сателитски снимки од истата област каде што бил погоден авионот.

Организацијата “OPS Group” која се занимава со надгледување на авиосообраќајот објави извештај во кој тврди дека фотографиите од срушениот авион јасно укажуваат на тоа дека леталото е погодено од ракета.

Исто така, угледната лондонска компанија “IHS Markit” во својот извештај оцени дека украинскиот „Боинг“ најверојатно по грешка бил соборен од страна на иранската против-воздушна одбрана.