Путин во одбрана на “HUAWEI”

На меѓународниот форум во Санкт Петерзбург, Владимир Путин ги обвини САД за неконтролиран економски егоизам. Во присуство на кинескиот колега Ши Џипинг, Путин порача дека ваквата агресивна политика на САД, ќе доведе не само до трговски туку и до вистински војни.

-Обидот за монополизирање на новиот технолошки бран креира проблем на глобалната нееднаквост на потполно нов начин. Во некои кругови веќе го нарекуваат прва технолошка војна во дигиталната ера– изјави Путин.

Рускиот претседател додаде и дека соработката помеѓу неговата земја и Кина е клучна за глобалната сигурност, и дека во иднина ќе се продлабочи. Агенциите пренесоа информација дека Хуавеј веќе има договорено развој на 5Г мрежата во Русија, во соработка со тамошниот мобилен оператор МПС.

На форумот учествуваше и генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш кој ја потенцираше важноста да се спречи нова “студена војна” помеѓу САД и Кина.