Путин кажа кога се очекува дека Русија ќе го победи коронавирусот

На состанок со претприемачите рускиот претседател изрази надеж дека за совладување на коронавирусот ќе биде потребно помалку од два-три месеца.
MANDATORY CREDIT Mandatory Credit: Photo by MICHAEL KLIMENTYEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL/EPA-EFE/Shutterstock (10586019d) Russian Prime Minister Mikhail Mishustin (R), Russian President Vladimir Putin (3-R) and Moscow’s Mayor Sergei Sobyanin (2-R) visit the Moscow information center for monitoring the coronavirus situation, in Moscow, Russia, 17 March 2020. Russia has confirmed number of people diagnosed with the COVID-19 coronavirus reached 114. The government implement measures to limit the spread of COVID-19 coronavirus infection in the country. Russia’s Coronavirus Emergency Center, Moscow, Russian Federation – 17 Mar 2020

За победа над инфекцијата на коронавирусот COVID-19 на Русија веројатно ќе ѝ бидат потребни помалку од три месеци, изјави во Ново-Огарево на состанокот со претставници на претприемачите претседателот на Русија Владимир Путин.

„Сигурно ќе излеземе од оваа ситуација и се надевам дури и порано отколку што рековте“, изјави Путин, одговарајќи на зборовите на еден од учесниците во состанокот за тоа дека за „пресметка“ со вирусот ќе бидат потребни два-три месеци.

Оваа процена на соговорникот Путин ја нарече „добра прогноза“, истакнувајќи дека „во некои земји“ велат дека борбата со коронавирусот ќе биде многу долга.

Вчера, на 25 март, во телевизиско обраќање Путин ги повика руските граѓани да не се потпираат на руското „можеби ќе биде добро“.