РАДОСНИ ВЕСТИ ЗА ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ! Синиша Михајловиќ ја победи леукемијата

“Синиша не е човек, тој е ѕвер”, цели Хулио Рикардо Круз, неговиот соиграч од Интер, откривајќи дека се слушнал со српскиот фудбалер.

Во време кога слушаме само тешки вести, се појави и една убава вест. Синиша Михајловиќ ја заврши својата борба со леукемијата, тврди неговиот поранешен соиграч од Интер, Хулио Рикардо Круз.

Аргентинецот и Србинот две години беа соиграчи во миланскиот клуб, а потоа нивната соработка продолжи кога Синиша од теренот премина во стручниот штаб на Роберто Манчини, кој во тоа време го водеше Интер.