Рама излезе без заштина маска и со полиција, да ги кара пензионерите во Тирана

По секојдневните апели до граѓаните,особено кон повозрасните, да седат дома, албанскиот премиер Еди Рама попладнево прошета по неколку улици и пазари во Тирана за да ги советува граѓаните да одат во нивните домови и да не излегуваат без многу важна причина, и да носат заштитна опрема како ракавици и маска кои и самиот тој не ги носеше.

Преку објава на Фејсбук, Рама сподели и неколку фотографии каде разговара со граѓани од различна возраст и ги советува да си одат дома.