Резиденцијата на Сопранови се продава за 3,4 милиони долари

Деновиве на пазарот со недвижнини се појави фамилијарната куќа на мафијашкиот шеф Тони Сопрано, откако поминаа 20 години од првата сезона на една од пионерите на телевизиските серии, која и донесе голема слава на телевизиската мрежа ХБО.  Од “Сопранос”, која беше омилена помеѓу публиката и критичарите емитувани се 6 сезони помеѓу 1999 до 2007 година.

Сајтот за проценка на вредноста на недвижнините Зилу, куќата ја процени на 1.63 милиони долари, но моменталните сопственици Пети и Виктор Речија, веруваат дека холивудското минато на куќата ја дуплира нејзината вредност.

Куќата има 5.600 метри квадратни, четири спални соби и четири бањи, а во неа се одиграни голем број на сцени од култнара серија. Куќата и денес е магнет за турусти од целиот свет кои се фанови на Сопранови и покојниот Џејмс Гандолфини кој ја толкуваше главната улога.