Прекрасни реклами од поранешна Југославија кои ќе Ве вратат назад во времето

Во 50 – те и 60 – те години од минатиот век, некои од најпопуларните југословенски уметници биле ангажирани да направат реклами за туристичките дестинации, брендови за прехранбена индустрија, но и за сите други видови на производи ширум цела поранешна Југославија.

Реномираните уметници како Едо Муртиќ, Милан Вулпе или Јанез Трпина и многу други создале илустрации и тоа не само за домашните брендови туку и странските дестинации и производи.

“Овие реклами се особено посебни ако ја разбирате историјата на Балканот и Југославија. Години пред и после тие реклами, Балканот беше разорен регион од војната во Европа, што значи дека не се само доказ на периодот на мир и туризам, туку и дека меѓусебната трговија помеѓу нациите постоела”, пишува Славорум. Уживајте во галеријата.