Метеоролозите предупредуваат! Пеколните температури дорпва доаѓаат! Дали ќе се повтори летото од 2003-та кога поради горештините починаа 70.000 луѓе?!

Водечките европски климатолози и метеоролози предупредуваат дека “потенцијално историски смртоносен топлотен бран ќе ја погоди Европа”.

Силвиа Лаплан, многу популарен метеоролог во Шпанија, на својот Твитер напишала дека “пеколот доаѓа”.

Овој свој твит го илустрирала со мапа од Шпанија, каде се предвидуваат температури од 40 степени во наредната недела.

Стефан Рамстроф, главен климатолог и професор по физика на Универзитетот во Потсдам, на Твитер ја објавил шокантната информација.

“Топлотните бранови се убијци. Во 2003-та година европскиот топлотен бран предизвика смрт на 70.000 луѓе. Минатогодишното топло лето во Германија се проценува дека предизвикало најмалку 1.000 прерани смртни случаи”, напишал тој.

Embedded video

Објаснил дека ваквите топлотни брнови се почесто се појавуваат затоа што климатските промени ги ослабеле водените струи во високите слоеви на атмосферата, поради што воздухот од Сахара доаѓа во Европа, каде што се задржува и пече. И убива луѓе, животни, растенија…

Тој навел и дека во наредните недели во Европа ќе можеме да очекуваме нов рекорден топлотен бран, и тоа како оној од 2003-та година, кој бил најлош во последните 500 години. Веројатно и подолго. Воопшто, летото 2003-та година климатолозите и метеоролозите го паметат по 15.000 загинати само во Франција.

Воглавно станувало збор за постари луѓе и хронично болни, кои би успеале да преживеат до некаде натпросечно лето. Но, такво лето не можеле. Репортажите, вестите и агенциските фотографии и снимки од Франција од пред 16 години ги овековечиле сцените од возила од итна помош, барање спас по градските фонтани, умирање и на млади луѓе. Всушност, слични сцени би можеле да се видат ширум Европа.

Мика Рантанен, метеоролог од Финска, на Твитер објавил графикон од националната метеоролошка организација. Објавил податоци кои ги опишал како “рекорд на сите времиња” и како тотално незабележани за јуни.

Францускиот метеоролог Жил Возниак отворено најавил можност во таа земја да се урне рекордната температура на сите времиња од 45 степени.

Професор Рамстроф во своите објави последните денови навел дека најтопли лета од 1500-та година, освен ужасното од 2003-та, биле минатата година, 2016-та, 2010-та и 2002-ра. А сето тоа во свет кој до денес се загреал за нешто повеќе од еден степен според просекот.

Најновите показатели на светските климатолози и климатолошки центри предупредуваат дека светот е на пат, поради загадувањето на атмосферата, до 2100-та година да се затопли за најмалку 3 дополнителни степени.

Рамстроф опишува таков свет со зборовите дека “две третини од светот во развој поради тоа секоја година би имале рекордни горештини на крајот 21-виот век”.

“Потенцијално историски и смртоносен ранолетен топлотен бран ќе ја пече Европа, а најкритично ќе биде кон средината на неделата”, пренел на својот официјален Твитер Институтот за клима во Потсдам.

Loading...