Риби-пениси преплавиле плажа во Калифорнија

Зачудените граѓани биле згрозени од глетката на една плажа во Калифорнија, која била прекриена со лигави животни, кои многу потсетувале на машки полов орган.

 Но, потоа научниците ја откриле вистината. Научници објасниле за што всушност станува збор, со какви животни била покриена плажата.

-Морам да ги разочарам теоретичарите на заври кои мислеле дека станува збор за пениси или колбаси  кои испаднале од некој брод. Ова сепак се животни, објаснил Иван Пар, калифорниски стручњак за биологија на морето. Тој по дојавата од граѓаните се упатил на плажата и утврдил дека  таму има илјадници примероци на дебел морски црв наречен Urechis caupo.

-Црвите се долги околу 25 см. И живеат закопани во песокот. Поради тоа што тука во последните недели имало неколку бури , моја претпоставка е дека брановите ги исфрлиле црвите на површината, дополнил др. Пар за „ Њујорк Пост“.