Рио де Жанеиро, Сон или Јаве

Рио де Жанеиро е основан во 1565-та година, а неговиот првичен назив бил „São Sebastião do Rio de Janeiro“, во чест на португалскиот крал Себастијан Први, а неговото име значи Јануарска река.

Овој град е дефинитивно најпосетуваниот град во јужната хемисфера и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самбата, босанова и плажите

Една од најпознатата знаменитости на Рио е и огромната статуа на Исус Спасителот на врвот на планината Корковадо. Оваа монументална статуа е всушност и дел од новите седум светски чуда.

Тој е главен град на Бразил и по Сао Паоло, втор по големина  и трета метропола во Јужна Америка, достигнувајќи над 6 милиони жители, во центарот и околу 12 милиони жители со околината, правејќи го шести град по големина во Северна и Јужна Америка, а дваесет и шести во светот.

Една од најинтересните работи како за Јужна така и за Средна Америка е енормно зголемената побарувачка за посета на овој континент. Меѓутоа прашањето е, на што се должи сето ова?

Интернетот, достапноста до информации од една, како и топлината на луѓето кои живеат таму, природните убавини, култура, традиција, настани итн, се само дел од работите кој значајно допринесоа околу изидигнување на овој континент од туристички гледано аспект!

Луѓето кои живеат таму, навистина живеат…
Најпрвин, тие не се обременети од капитализмот кој тотално ја урнисаа суштината на човековото постоење.

Ова најкратко би можеле да го разбереме преку латино песните кои веќе неколу години прават бум на светската музичка сцена. Што можеме тука да констатираме? Можеме да констатираме дека јужно-американски спотови со релативно скромен буџет достигнаа над 1 милјарда гледаност (по песна), наспроти екстремно скапите спотови на западните артисти преполни со неморал, неетичност, изопаченост…

Во прилог ќе ви презентираме неколку фотографии и видео од Рио де Жанеиро и сами заклучете дали станува збор за стереотипот кои повеќето го имаме во нашите глави креиран “благодарение” на западната мас медиа….уживајте….

Loading...