Роналдињо игра фудбал во затвор (ФОТО+ВИДЕО)

Бразилската легенда која своевремено ги бранеше боите на Барселона, заедно со неговиот брат Роберто се во затвор, бидејќи во Парагвај пристигнаа со лажни документи.

Судот во Парагвај го отфрли барањето на адвокатот на легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат Роберто да бидат пуштени да се бранат од слобода.

Иако првично беше објавено дека Роналдињо и Роберто ќе бидат ослободени брзо и ќе поминат само парично казнети, откако пристигнаа во Парагвај со лажни документи, работите се искомплицираа.

Двајцата се во затвор од минатиот петок. Нивниот адвокат двапати испрати барање да се бранат од слобода, но беа одбиени поради стравувањата дека браќата може да избегаат или на кој било начин да влијаат на истрагата.