Русија ќе снима серија со своја верзија за Чернобил

Новата хит серија на ХБО околу хаваријата во Чернобил, за краток период стана најгледано телевизиско шоу во светот. Но Руската кинематографија ќе понуди алтернативна серија, која би требало да  открие што всушност се случувало на 26 април 1986 во Припјат.

Очигледно е дека Русите не се задоволни со автентичноста на американската серија и решија да ги превземат работите во свои раце. Руското министерство за култура ќе вложи 463.000 долари за да вистината за Чернобил излезе на површина.

Режисерот Алексеј Мурадов за најчитаниот руски таблоид “Комсомолскаја Правда“, тврди дека  ќе биде понудено алтернативно гледиште што навистина се случило во трагедијата.

„ Постои теорија и докази дека Американци биле инфилтрирани во нуклеарната електрана тој период. Многу историчари не ја отфрлаат можноста дека во денот на ексползијата агенти на непријателски тајни служби работеле во станицата“  изјави Мурадов.

Во хаваријата загинале најмалку 31 луѓе, но последиците и штетите од трагедијата се чувствуваат и денес.