Се продава свадбениот Јагуар на Цеца и Аркан

Паднала цената на супер луксузниот автомобил Јагуар во кој балканската музичка ѕвезда Цеца и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан се возеле на венчавката.

Вакви Јагуар автомобили има само 121 во целиот свет.

Лимузината Јагуар во која Цеца и Аркан се возеле на денот на венчавката  во 1995 година е купен во Америка за 200 000 долари!

Пред неколку месеци Јагуарот- XJ Majestic Vanden Plas е понуден на продажба.

Тогаш почетната цена беше 121 000 евра, но денеска цената на луксузниот Јагуар на Аркан драстично е намалена и сега автомобилот може да се купи за „само“ 28 000 евра.