Димков: СДСМ ќе донесе милион Африканци и Македонија ќе се вика Македонија – Етиопија

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Трајчо Димков на седницата за законот за јавното обвинителство рече дека СДСМ има проект да прифати милион Африканци во Македонија.

– Социјалдемократите како проект имаат прифатено да донесат милион Африканци во Македонија, и Македонија тогаш ќе се вика Македонија – Етиопија. Колку што не има еден милион, уште еден милион. И тоа е договорено до 2030-та година да се направи. Се смеевте и тогаш кога го зборував ова, меѓутоа за се што зборувавме излезе вистина, за жал. Сакам да ја предупредам македонската јавност како што кажа мојот почитуван колега Илија Димовски за да остане за она што го зборував – рече Димков.