Секс скандал во ОН: Снимен сексуален чин во нивно возило во Израел

Во јавноста се појави видеоснимка на која се гледа сексуален чин во службен автомобил на Обединетите нации во Израел.

Меѓународната организација за одржување на мирот соопшти дека е шокирана и длабоко вознемирена поради снимките што се појавија од очигледен сексуален чин, кој се одиграл во едно од нејзините службени возила во Израел.

На видеоснимките се гледа жена во црвен фустан како седи на маж, кој се наоѓа на задното седиште во бело возило со ознаки на ОН. Во автомобилот имало и други луѓе, а инцидентот е снимен во главна улица во Тел Авив, објави Би-би-си.

Од ОН порачаа дека истрагата е во тек и дека работат на идентификација на лицата кои се видени на снимката.

„Веруваме дека се работи за лица кои се вклучени во служба на мировната организација во Израел“ соопшти ОН.

Портпаролката на главниот секретар на ОН, Стефани Дуџарик, го опиша однесувањето на видеоснимката како грозно и додаде дека тоа оди против се за што се залагаат ОН.

На новинарско прашање дали се работи за договорен сексуален чин или е во прашање плаќање на услуга, Дуџарик рекла дека тоа ќе го каже истрагата.