СЕНЗАЦИОНАЛНА ВЕСТ ОД САД: Златан Ибрахимовиќ потпиша за италијански великан!

Шведската фудбалска легенда се враќа во италијанската Серија А, а оваа информација ја потврди првиот човек на американската МЛС лига, Дон Гарбер.

-Златан е интересен лик. Поради него сум навистина зафатен и такви луѓе ни се потребни, како што го имавме Дејвид Бекам до пред неколку години. Има 38 години и повторно потпиша со Милан, еден од најголемите клубови на светот – рече Гарбер за „ЕСПН“.

Иако се шпекулираше претходно дека би можел да се пресели во Болоња, Јувентус, Интер и Наполи на нашиот Елмас, но на крајот се одлучил за Милан.

Веќе го носеше дресот на „росонерите“ во периодот од 2010-2012 година. Постигна 56 голови и запиша 24 асистенции на вкупно 85 натпревари за клубот од „Сан Сиро“.

Погледнете ги сите голови на Швеѓанецот во дресот на Милан: