СЕ СПРЕМА ЛИ ВОЈНА: Вучиќ нареди полна борбена готовност на армијата

Александар Вучиќ претходно најави дека се спрема апсење на Срби од страна на косовската полиција на северот на Косово. Утринава единиците на РОСУ (специјална единица на косовската полиција)  упаднаа со оружје и уапсија најмалку петмина српски припадници на косовската полиција.

По последните случувања во северно Косово, Александар Вучиќ ја стави целата српска армија во полна готовност, истото го направи и министерството за внатрешни работи на Србија. Официјалната причина за апсењето на полицајците е наводна вмешаност во организиран криминал.Апсењата се извршени во сите четири српски општини во северно Косово.

Директорот на спрската канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ изјави дека специјалните единици на косовската полиција упаднале во северот на Косово со цел да предизвикаат паника и да ги заплашат Србите во тој регион, како што и претходно најавил претседателот Вучиќ. Ѓуриќ потврди дека се слушале сирени и рафали од огнено оружје во повеќе наврати.

Loading...