Силен земјотрес во Јандранско море, се стресе и Скопје

Силен земјотрес со магнитуда од 5.8 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почувствуван и во Скопје.

Првичните информации се дека епицентарот на земјотресот е во близина на приморскиот албански град Драч во Јадранското море. Освен во Албанија бил почувствуван и во Македонија и Црна Гора.