СИНОТ НА РАМА ПРЕД ДА ЈА ИЗГУБИ ВЕРЕНИЦАТА БОЛЕДУВАЛ ОД РАК

Грегор Рама, синот на албанскиот премиер Еди Рама, кој ја изгуби вереницата во неодамнешниот земјотрес во Драч, претходно боледувал од рак на тестисите. Тажната приказна ја открил неговиот татко Рама во документарниот филм „Рама за иднината“, кој бил објавен во 2013 година за време на кампањата пред парламентарните избори. Во краткиот филм, Рама особено го истакнал дека најтежок момент во неговиот живот бил кога дознал за болеста на неговиот син.

„Морав да навлезам длабоко во себе и да најдам сила за да се смеам, комуницирам и да ја работам својата работа. Низ ноќите постојано плачев. Се соочувавме со голема непознаница за нас“, раскажал Рама во филмот.

Во краткиот документарец зборувал и самиот Грегор. Тој раскажал како неговиот татко му помогнал да го преброди тешкиот период од неговиот живот и да го победи туморот кој лекарите му го откриле на тестисите. Младиот сликар раскажа како неговиот татко преку кошарката му објаснувал како треба да ги надвладее сите потешкотии во животот и на крајот да излезе како победник.

„Дијагнозата ја добив кога бев на гости кај мојот вујко во Америка. По неколку експриментални хемотерапии, се излегував“, вели Грегор. Рама редовно го посетувал синот додека бил на лечење во Америка, особено во 2009 година, кога состојбата му се влошила.

Грегор излезе како победник во оваа борба, но неговиот живот доби уште еден силен удар кога неодамна му загина вереницата Кристи. Покрај неа, настрадаа и целото семејство, во рушењето на шестокатницата во која живееле. И самиот Еди Рама едвај издржал да ги сокрие солзите кога новинарите го прашаа за семејната трагедија.

Медиумите речиси и да не известуваа премногу за неговата врска, но открија дека се во врска околу три години. Грегор знаел како да ја чува приватноста со неговата вереница која била студетнка на Медицинскиот факултет.

Веста за смртта на неговата девојка мина незабележано се додека самиот Грегор не се огласил на „Инстаграм“. Грегор Рама дипломирал на Ликовната академија во Тирана, пратејќи го стапките на неговиот татко, кој како дете бил познат албански вајар. Роден е на крајот на осумдесетите години и е син на Рама од првиот брак на премиерот со глумицата Матилда Макоци. Во малкуте интервјуа кои ги има дадено, Грегор секогаш говорел дека мајка му е личноста која најмногу ја сака на светот. Со татко му повеќе е поврзан преку уметноста, за разлика од политиката, во која никогаш не се мешал.

„Сакам луѓето да ме проценат на основа на она што ќе го насликам, а не на основа на моето презиме“, изјавил Грегор минатата година, на отворањето на една негова изложба.

Loading...