Катица Јанева со полициско комбе однесена во ”Шутка” (видео)

Со полициско комбе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва од Кривичниот суд е спроведена во истражниот затвор во Шутка.

Судот на Јанева ѝ одреди 30 дена притвор на барање на Обвинителството, кое и неа ја сомничи за случајот „Рекет”.

На Јанева ќе и биде дозволено да присуствува на погребот на својата мајка во Гевгелија, која почина утринава.

Видеото на „Алсат“ погледнете го во продолжение