Според Царовска Македонците можат добро да живеат со 137 денари дневно

Министерката за труд и социјална Мила Царовска за Детектор вели дека според „лајкин индикаторите“ на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители месечно му требаат околу 17.000 денари.

„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речи си до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики“ – Вели Царовска за Детектор.

Министерството за труд и социјална политика не може да ги базира своите политики врз основа на субјективните пресметки за тоа колку пари се потребни за да се помине месецот.

Доколку се поделат 17.000 денари на секој член од семејство од четворијца на 31 ден, секој од нив би имал на располагање по 137 денари за сите потреби.

 

Loading...