Суарез: Ние сме Барселона, ваков пораз е недозволив

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез даде свое видување по поразот (0:2) од Гранада на натпреварот во Шпанското првенство. Каталонците во првото полувреме ниту еднаш не упатаија удар во рамките на противничкиот гол.

– Имавме голем посед на топка, но не бевме доволно силни во создавање на шанси. Треба да ги анализираме проблемите со ефикасноста. Ние сме Барселона и не смееме да си дозволиме вакви порази. Треба да бидеме посилни ако сакаме да го одбраниме шампионскиот трофеј, изјави Суарез.

https://twitter.com/LuisSuarez9/status/1175528832054546433?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1175528832054546433%7Ctwgr%5E363937393b636f6e74726f6c&ref_url=http%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fsuarez-nie-sme-barselona-i-ne-treba-da-si-dozvolime-vakov-poraz

Барселона го има најлошиот старт во шампионатот на Шпанија во последните 25 години.

Во сезоната 1994/95, каталонскиот клуб исто така освои само седум бода по првите 5 натпревари.