Сцената во една држава, публиката гледа од друга

Оперската куќа “Haskell” е изградена  на територија на две држави, сцената е во Канада а гледалиштето во САД. Има две адреси и две телефонски линии, за секоја држава по една.

Ова уникатна оперска куќа е изградена  во 1904 година од страна на локалниот архитет Џејмс Бол, има капацитет од 400 седишта и за нејзината градба се потрошени 50 000 долари, што преставува огромна сума во тој период. Сцената на операта се наоѓа на територија на градот “Stanstead”во провинцијата Квебек во Канада, додека гледалишетето е во селото “Derby Line”  во државата Вермонт, САД.

Оперската куќа преставува културолошки центар за двете страни од границата, а програмата се изведува на два јазика, англиски и француски. Исто така има дел кој служи  како библиотека, со 20 000 книги, а се користи и како сала за гостување на театри и за одржување на музички концерти од повеќе жанрови. Денес е туристичка атракција која привлекува туристи од целиот свет.