ТЕХНОЛОГИЈАТА Е ДРОГА: „Паметен телефон или кокаин, мозокот не прави разлика“

Извршниот директор на апликација за дејтинг (состаноци) и поранешен зависник вели дека полесно се контролира кога е околу дрога и алкохол отколку кога го има неговиот паметен телефон в рака, објави „Euronews“.

 

Џастин Меклеод, основачот на апликацијата Hinge, ова го констатираше на Веб самитот во Лисабон, додека зборуваше за зависноста од технологија. Неговата изјава доаѓа откако психијатрите во САД открија дека забележуваат повеќе случаи на зависност од технологија, поради што се појави бран од програми за третмани ширум земјата.

Од друга страна, некои се поскептични и велат дека зависноста од интернет е лажна состојба замислена за тинејџерите кои одбиваат да намалат со користење на нивните паметни телефони.

– Кога зборуваме за зависности, јас не мислам дека има голема разлика меѓу зависностите на однесување и хемиската зависност. Не мислам дека мозокот прави разлика, ги добива истите неврохемиски реакции, без разлика дали пиете алкохол, користите кокаин или го вадите телефонот за да ја проверите најновата нотификација на вашиот телефон – констатира Меклеод.

Тој додава дека најлесно справување со зависноста од технологијата е да се прават периодични паузи од неа.

– Сите се чувствуваат заморени од технологијата, особено поради фактот што на телефон сме пред да си легнеме навечер и првата работа која ја правиме наутро. Немаме доволно простор да ни биде здодевно, затоа паузите од паметните телефони се многу важни – вели Меклеод.

Спротивно на тоа, некои експерти се скептични околу зависноста од технологијата.

– Мислам дека се прави „премногу галама“ околу идејата за зависност од технологија. Скептичен сум поради тоа што во психијатријата го зголемуваме видот на нормативни граници и некои работи ги нарекуваме „нарушувања“, кога тие всушност не се дијагноза за промена во менталното здравње. Затоа сум многу претпазлив зависноста од технологија да ја наречам „нарушување“ – констатира Дејм Тил Вајкс, професор на клиничка психологија и рехабилитација на Кингс Колеџ од Лондон.

Вајкс додава дека технологијата е важна, и луѓето ја користат цело време, често за да им помогне околу работата. Тој смета дека доколку на наводните зависници им се одземе технологијата, тие нема да имаат исти искуства како оние со физичка зависност на кокаин или било која друга дрога.