ТИМАНФАЈА: Национален парк кој изгледа како површината на Марс

Кога националните паркови се во прашање, тие во природното наследство на секоја земја заземаат посебно место. Еден од 15-те такви паркови во Шпанија, паркот Тиманфаја со години привлекува фотографи од целиот свет, кои сакаат да ги забележат сите тие феноменални пејсажи и да ни пренесат барем дел од неговата убавина.

Тиманфаја се наоѓа на југозападниот дел на островот Ланзорате, кој е дел од Канарските острови. Поради своите природни вредности, во 1968 подрачјето кое опфаќа површина од 51.07 квадратни километри, е прогласено за национален парк.

Паркот кој недоливо потсетува на површината на Марс, во 1993 УНЕСКО го прогласил за ”резерват на биосфера”.   Природната историја тука оставила длабоки трагови, односно пред повеќе од два века тука се случувале силни вулкански ерупции  кои уништиле голем дел од островот и околните места.

Последната ерупција се случила во 1824 година, а денес овој парк  во чиј состав има голем број ендемски видови остава посебен впечаток на посетителите, на кој им е овозможено да го истражуваат додека јаваат на камили.

 

Loading...