Европа на удар на рекордно висок топлотен бран: Франција инсталира привремени фонтани и помали јавни базени ширум земјата

Интензивен топлотен бран пристигнува во Европа наредните денови, а се очекува да бидат срушени и многу температурни рекорди.

Се очекува браноти да биде на врвот од среда до петок, кога подрачјето од Шпанија до Полска ќе искуси температури од 11 до 17 степени повеќе од вообичаеното. Температурите ќе се движат од 35 до 40 степени.

„Топлотните бранови се тивки убијци. Поради еден таков бран во 2003 година, починале 70.000 луѓе. Минатото лето во Германија имало најмалку 1000 смртни случаи“, напишал Стефан Рамсторф, климатски научник од Потсдам.

Што е причина за големиот топлотен бран?

Се започнува од сва силни системи на висок притисок. Еден е близу Гренланд, а друг над северна и централна Европа. Кога следните денови ќе се поврзат, ќе се блокира системот на низок притисок јужно од нив, кој на Европа би и донел ладен воздух. Тие два системи во комбинација со ладното подрачје на низок притисок над морето, ќе го усмерат „шпанскиот облак“ над континенталната Европа и Велика Британија.

Подрачјето на врелиот воздух кој доаѓа од пустините во Шпанија и Сахара, ќе се рашират низ Франција, Велика Британија и Германија и ќе резултира со рекорди и силни бури. Во некои подрачја, топлината ќе дојде како шок.

Германија, Швајцарија и Белгија исто така овие денови би можеле да се соочат со рекордни температури за јуни, но засега најажурни во врска со справувањето со топлотниот бран се француските власти, откако се проценува дека во 2003-та година, од слични горештини во земјата починале дури 15 илјади луѓе.

Националниот метеоролошки сервис “Meteo France” ги предупредува граѓаните да избегнуваат да излегуваат од своите домови, затоа што високите температури ќе траат до крајот на оваа седмица, а навечер нема да паднат под 20 степени.

Градските власти на Париз го активираа третото ниво на екстремно топлотен бран – максималното четврто ниво никогаш не е активирано досега.