Тојота ќе инвестира 400 милиони долари за летачки автомобили

Јапонскиот гигант  „Тојота“ соопшти дека ќе инвестира 400 милиони долари за производство на летачки автомобили кои, како што е соопштено, ќе обезбедуваат „брз, тивок и достапен воздушен транспорт. Инвестицијата на Тојота ќе оди кај „Џоби Авиејшн“ фирма која развива електрични летала кои можат да полетуваат вертикално.