Тој едниот неосвоен куп, беше клучен!

Управата на клубот на чело со Андреа Ањели одлучи дека со Алегри не треба да биде продолжена соработката. Тој на Јувентус им донесе пет скудета во пет сезони и четири купа, доминација што најверојатно само во сон ќе можат да ја повторат.

Но сепак се чини дека бламот во Лигата на Шампионите против Ајакс на домашен терен е клучот за ваквата одлука. Роналдо е тука, и апетитите се зголемени, неосвојување на Лигата на Шампионите се смета за голем неуспех, како тоа да е наједноставната работа на светот.

Новиот тренер на Јувентус ќе биде објавен по прославата на титулата во последното коло против Аталанта, новинарите најавуваат дека тоа ќе биде Масимо Карера. Нема шпекулации каде Алегри би ја продолжил кариерата.