Трамп го наредил па го откажал нападот над Иран

Поради соборувањето на американски дрон вреден 130 милиони долари од страна на Иран, американскиот претседател Доналд Трамп издал наредба за напад, но по неколку часа ја повлекол.

Њујорк Тајмс пренесува дека авионите биле во воздух а бродовите на позиции, кога пристигнала наредбата за повлекување од нападот. Тој требало да биде спореведен во зори за да ризикот по цивилното население биде најнизок.

Изворите пренесуваат дека Трамп прво одобрил воздушни напади на ирански радари и ракетни системи, но по повлекувањето не е јасно дали напад ќе има во престојниот период.

Како мерка на претпазливост, Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) издала забрана за летање на цивилни авиони над Персијскиот и Оманскиот залив поради зголемената тензија со Иран, по што многу комерцијални летови се откажани.