Трамп си замина од НАТО самитот по објавените снимки од озборувањето, и го нарече Трудо дволичен (видео)

По снимките што појавија во јавност на кои се гледа како лидерите на некои од најважните сојузници на НАТО, очигледно го исмеваат Доналд Трамп, американскиот претседател го напушти самитот во Лондон.

Според „Индипендент“, Трамп прво ја откажал закажаната прес-конференција и потоа решил да го скрати престојот во Лондон.

Претседателот на САД реагираше налутено на клипот, снимен од камера CBC, додека беше озборуван од канадскиот премиер Жастин Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон, холандскиот премиер Марк Руте и францускиот претседател Емануел Макрон.

Во тој разговор можеше да се слушне Трудо како објаснува дека Макрон доцни бидејќи неговиот прес со Трамп траел 40 минути, а дека на тимот на Трамп „им паднала вилицата до подот (од шок)“ на нешто што рече Трамп.

И кога новинарите денес побараа од Трамп, на неговата прес-конференција со Ангела Меркел да ги коментира снимките, американскиот претседател одговори: „Тој (Трудо) е дволичен“.

“Искрено, тој е добар човек. Мислам дека тој е навистина добар човек, но вистина е, го повикав да плаќа 2% и претпоставувам дека тој не е многу среќен за тоа”, додаде Трамп, алудирајќи на обврската што ја прифатија  сите членки НАТО ,од 2024 година да плаќаат  2% од својот БДП во вооружените сили како основа за заедничка одбрана на Алијансата.

“Тој не плаќа 2%, а треба. Тоа е Канада. Тие имаат пари и треба да плаќаат 2%, затоа го повикав и тој сигурно не беше среќен , но така е”, продолжи Трамп.

„Гледај, јас ги претставувам САД и тој треба да плаќа повеќе отколку сега и тој тоа го разбира“, заклучи Трамп.

Loading...