Турција се заканува: Од понеделник ги враќаме џихадистите во Европа!

Турција од понеделник, 11-ти ноември ќе започне да ги враќа дома странските припадници на Исла

Ова го потврди турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, кој ги предупреди европските земји дека не е важно дали поранешните милитанти се добредојдени, или не.

Тој порача дека џихадистите на Исламската држава кои Турците ги заробиле во текот на воените операции на северот на Сирија, односно кои што биле затекнати во курдските затвори, ќе бидат вратени во своите домови.

Турција веќе подолго време ги критикува своите европскки сојузници кои не сакаат да ги преземат назад борците на Исламската држава кои се нивни државјани и се заканува дека ќе бидат вратени назад дури и ако им е укинато државјанството.

„Ние веќе им кажавме дека тие луѓе ќе ги вратиме во нивните земји, а со тоа ќе започнеме во понеделник“, изјави Сојлу.

Турскиот министер од претходно порача дека неговата земја не е хотел за заробените милитанти и ги обвини Велика Британија, Франција и Белгија дека е неодговорно од нивна страна тоа што очекуваат Турција сама да се носи во врска со прашањето околу заробените џихадисти.