Турција ја стресе разорен земјотрес од 6.8 степени! (видео)

Силен земјотрес вечерва ја погоди Турција. Според информациите новиот земјотрес вечерва кој ја стресе Турција бил со јачина од 6.9 степени според Рихтеровата скала и истиот се случил во 17:55 минути по локално време.

Епицентарот бил на 218 километри од турскиот град Газиамтеп и 34 километри од Елазиг.

Жителите во паника ги напуштија своите домови, засега нема информации за штетите и евентуални жртви.

На видео снимките може да се забележи и урната зграда.