Фејсбук избриша 2,2 милијарди лажни профили

Во првите три месеци од 2019 компанијата избриша рекордни 2.2 милијарди лажни профили, една милијарда повеќе од претходниот квартал.

Фејсбук е приморан да ги “чисти” своите корисници четири пати годишно наместо досегашните два, а ќе биде вклучен и Инстаграм. Интересно е што оваа бројка е за малку помала од 2,38 милијарди реални профили.

Според извештајот на Фејсбук, 11 до 14 проблематични фотографии од 10 000, а прекршени се најчесто правилата за сексуална содржина. Од јануари до март компанијата морала да интервенира во 19,4 милиони содржини.

Фејсбук исто така изјави и дека е направено подобрување во борбата против говорот на омраза, односно дека 65,4 проценти од таквата содржина е избришана од вработените во компанијата пред да биде пријавено.

Loading...