Форбс: Нема милијардери на просторот од поранешна Југославија

Од илјадници милијардери во светот, според магазинот Форбс милијардер на територијата од поранешна Југославија се уште нема. Најмногу милијардери има во САД (607) со вкупна вредност од 3.111 милијарди долари.

Според статистиката потоа следува Кина со 324 милијардери кои вкупно тежат 980 милијарди долари. Во Европа најмнногу од нив има во Германија (114) со вкупно богатство од 500 милијарди долари, а исто така е и трета на светско ниво.

Русија има 98 милијардери со проценето вкупно богатсво од 421 милијарди долари. Велика Британија има 54 со имот од 182 милијарди, а 41 француски милијардери имаат вкупно богатство од 330 милијарди долари.

На европско ниво потоа следуваат Италија со 35, Швајцарија и Шведска по 33, Шпанија 29. Турција има 25 милијардери, Норвешка 15, Холандија и Данска по 10, Ирска и Австрија по 9 а нешто помалку ги имаат останатит европски држави.

Од останатите светски држави со значителен број милијардери е Индија која има 106 кои вкупно тежат околу 405 милијарди долари. Од јужно-американските земји најмногу има Бразил– 58.