Фотографии кои покажуваат дека природата е најдобрата ”игротека”

Денис Дехарт, профоесор по фотографија на Државниот универзитет во Вашингтон, се потрудил на своите синови Емит и Ашер да им покаже колку убаво место е природата.

Последните десетина година Денис Дехарт се потрудил да им покаже на своите синови како играњето во природа нуди слобода и неисцрпоност како ниедно друго место во кое си играат нивните врисници. Така настанала и серијата од фотографии кои говорат за важноста на слободата на детскиот дух кој може да се негува и изрази на вистински начин само природата.

Дехарт вели дека многу му должи на својот дедо, кој бил ”човек од планината”. Тој прв го изнел од дома за да го однесе во шума, што е традиција кој тој сака да продолжи со своите деца.