Франција денес: Измерени највисоки температури во историјата

Топлотниот бран ја погоди скоро цела Европа, но во францускиот град ”Gallargues-le-Montueux” во петок на 28 јуни, измерени се неверојатни 45,8 °C.

Претходно во “Carpentras” со 44,3 °C првично е срушен дотогашниот рекорд од 2003 година со измерени 44.1°C,  за да подоцна во “Villevieille” се регистрирани уште повисоки 45,1°C.

Француската министерка за здравство ”Agnes Buzyn” изјави дека апсолутно сите граѓани се во опасност од високите температури.

Во државата како мерки на препазливост се затворени 4000 училишта, и е забрането учеството во сообраќајот на постарите возила.

Топлотниот бран освен Франција ги сруши температурните рекорди и во Германија, Полска и Чешка.