Херој на денот: Баба Олга го носи својот парализиран син на грб веќе 60 години (ФОТО)

Доказ, дека мајчинската љубов ги пробива сите бариери, а таков пример е и Баба Олга, која баш како и секоја мајка, има неизмерна љубов кон својот син, решена својата животна битка да ја извојува до крај.

Историјата на 77 годишната србинка Олга Бошкович, која живее во село Мушич, за 100 пат докажала колку е храбра и силна жртвата на мајчинската љубов.

Олга го носи својот парализиран син Предраг на својот грб повеќе од 50 години. Предраг е на 59 години и целиот живот го одгледува неговата мајка.

Таткото на детето избегал веднаш кога дознал дека детенцето ќе остане инвалид. Но жената не го оставила, а го одгледала момчето во една соба, оставена во наследство од нејзините родители.

Кога пораснал, Олга го носела секој ден на училиште на својот грб, со цел тој да биде меѓу децата и да се социјализира. Минали години и тој станал маж, но неговата мајка и ден денес го носи на својот грб.

Во последните години и е се потешко да се грижи за нејзиниот син, но наголем страв и загриженост има за животот на нејзиниот син после нејзината смрт. Таа се плаши дека ќе остане сам и без никој да има потреба од него.

– Својот живот ми го подари мене – вели Предраг.

Предраг почнал да се занимава со занает пред 30 години. Сè што ќе види, може да го направи со една рака. А занаетот го учел од стар столар.