Катастрофа! Чадот од австралиските пожари ја обиколил целата Земја: За само една недела обиколил половина планета

Американската вселенска агенција НАСА предупредила дека чадот, предизвикан од пожарите во Австралија, наскоро ќе ја обиколи Земјата.

Катастрофалните пожари во Австралија беснеат веќе неколку месеци, а густиот чад се надвил над Пацификот.

НАСА соопштила дека првиот ден од 2020-та година чадот минал илјадници километри и ја прекрил Јужна Америка, додека до 8-ми јануари обиколил “половина од Земјината топка”.

“Очекуваме дека чадот барем еднаш ќе ја обиколи Земјата”, навеле од НАСА.

Во пожарите досега загинале најмалку 28 лица, умреле неколку милиони животни, а уништени биле околу 2.000 куќи и 10,3 милиони хектари земјиште.

Експертите тврдат дека невидените размери и интензитетот на пожарите ги влошиле климатските промени.

“Еднаш кога ќе се најде во стратосферата, чадот може да мине илјадници километри од својот извор, влијаејќи на атмосферските услови на глобално ниво”, велат од НАСА.

Чадот ја променил бојата на небото во Јужна Америка и значајно го влошил квалитетот на воздухот на Нов Зеланд.

Неколку австралиски градови веќе се прекриени со густ чад, а во нив квалитетот на воздухот е на најниско досега забележано ниво.