Човекот што успеал да ѝ одолее на Мерилин Монро: „Зрачеше со силна сексуална енергија и цело време флертуваше со мене“

Зрачеше со силна сексуална енергија и секое нејзино движење беше набиено со неа. Се качив на галеријата и така ја сликав, а таа цело време флертуваше со мене“, откри Киркланд.

Еден од најпознатите фотографи на златната ера на Холивуд, Даглас Киркланд, откри детали за фотографирањето на една од најпознатите филмски глумици на сите времиња и призна како се чувствувал кога се нашол сам во четири ѕида со една од најубавите жени на светот, Мерилин Монро.

DOUGLAS KIRKLAND

Глумицата дошла во неговото ателје за да ја фотографира, а пред да почне снимањето им рекла на сите да излезат од просториите бидејќи сакала да биде сама со него. На тоа снимање настанал познатиот сет фотографии на кои Мерилин лежи гола во креветот покриена со чаршаф. Идејата на целата сесија била фотографиите да бидат што попровокативни.

Мислел само на жена му и децата

Фотографиите станаа славни, а фотографот раскажа досега непознати детали од тоа снимање.

Мислел само на жена му и децата

Фотографиите станаа славни, а фотографот раскажа досега непознати детали од тоа снимање.

Призна дека пред него се наоѓала најпосакуваната жена на светот, а тој цело време се потсетувал дека дома има жена и три деца и се правел дека не ги слуша заводливите коментари што му ги упатувала.

Сексуалната тензија ги инспирирала

„Дојде како некоја друга личност, како Мерилин за која сите фантазираа. Зрачеше со силна сексуална енергија и секое нејзино движење беше набиено со неа. Се качив на галеријата и така ја сликав, а таа цело време флертуваше со мене“, откри Киркланд.

DOUGLAS KIRKLAND

На крајот на снимањето глумицата го викнала да ѝ се придружи во креветот, што Киркланд со многу самоконтрола одбила. Но меѓусебната сексуална тензија инспирирала некои од нејзините најдобри и најславни фотографии.