Шварцернегер со видео порака до Сталоне: Твојот е неверојатен но мојот е поголем од твојот

Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се навистина добри пријатели, и многу често ги користат социјалните мрежи да се пошегуваат еден со друг, но и да ги забавуват заедничките фанови.

Сталоне го потпиша легендарниот нож од Рамбо филмовите и го донираше во добротворни цели. Меѓутоа, Шварценегер за да се приклучи на донацијата го донесе својот нож  кој го користеше во Предатор и му порача преку видео порака:

„Го видов оној нож кој го потпиша и донираше во хуманитарни цели, навистина е неверојатен, но тоа не е нож, ова е нож. Него го користевме во Предатор и мора да признаеш дека е поголем од твојот“

Потоа му честиташе пријателот за новиот филм„Рамбо: последната крв“  и му посака успех во кината:

„Ќе биде хит, ќе растуриш. Ти си најдобриот“