Шпанија има тешко прочитлив јавен долг: Еден трилион, двесте милијарди и триста милиони евра

Националниот долг во Шпанија ја премина бројката од 1.200 милијарди евра, кој е зголемен за 3,3 проценти во последните 12 месеци, што преставува 99.7 од бруто домашниот производ (БДП).

На шпанската должничка криза и нема крај, а реалноста е далеку од оптимистичните предвидувања на владата.

Според извештајот на централната банка на Шпанија, во првиот квартал на 2019 националниот долг достигна рекорден износ. Покрај проекциите на шпанските власти дека оваа бројка ќе почне да се намалува, работите одат во спротивен правец, а како причина се наведува намалувањето на приходите од обврзниците поради економската неизвеснот, предизвикана од  трговската војна помеѓу САД и Кина.

Loading...