Што ако Југославија постоеше и денес?

Кога повторно би се родила Југославија, оваа држава би имала нешто повеќе од 20 милиони жители.

Кон крајот на оваа година се навршуваат точно 100 години од формирањето на кралството СХС, односно почетокот на Југославија.

Интересна анализа на ЈуТјуб пред околу една и пол година направил Џозеф Писнети, кој се запрашал “што би било кога би било”, и како денес би изгледала обновената и обединета Југославија.

Тој објавил анализа во видеото на својот канал “Real Life Lore”, каде инаку објавува едукативни и интересни видеа.

Кога повторно би се родила Југославија, би имала нешто повеќе 20 милиони жители, со што автоматски би влегла во Топ 10 најголеми држави во Европа кога станува збор за населението и би била на осмо место.

Потсетува дека новата Југославија би имала помалку жители отколку во 1991-ва година, кога биле забележани нешто повеќе од 23 милиони жители.

Кога станува збор за етничкиот процент кој би ја сочинувал Југославија, тоа би изгледало вака: во земјата би живееле 35 проценти Срби, 20 проценти Хрвати, 11 проценти Албанци, 9 проценти Босанци, осум проценти Словенци, шест проценти Македонци, еден процент Црногорци и 10 проценти останати.

Религиски, Југославија би ја сочинувале 43 проценти православни, 27 проценти католици, 22 проценти муслимани и осум проценти атеисти и други помали верски групи, а би имала големина како Велика Британија.

Бруто националниот производ би изнесувал 191.045.000.000 долари, што Југославија би ја позиционирало на 53-тата позиција на светот кога станува збор на економија.

Војската би ја сочинувале околу 230.000 припадници, а пет најголеми градови би биле Белград, Загреб, Сараево, Љубљана и Скопје.

Loading...