Што всушност се наоѓа во Ареа 51

Освен ако не сте живееле под камен, сигурно сте слушнале дека деновиве над 1 милион, луѓе на шега се согласија да упаднат во Ареа 51. Сето ова е поттикнато од љубопитноста што ја предизвикува мистеријата што ја опкружува Ареа 51.

shto-vsushnost-se-naogja-vo-area-51-01.jpg

Но, покрај бројните теории на заговор кои со години кружат на Интернет, што всушност знаеме за ова загадочно место?

Ареа 51 е класифицирана воздушна база на САД и се наоѓа во јужна Невада. Местото служи како далечен огранок од воздушната воена база Едвардс, која е лоцирана на јужната граница на Калифорнија.

shto-vsushnost-se-naogja-vo-area-51-02.jpg

Заштитено со забранет воздушен простор од 37 до 40 километри, ова место воопшто не ѝ е достапно на јавноста. Покрај тоа, местото е под постојан надзор.

Имено, според ЦИА, до Ареа 51 се стигнува само по воздушен пат. Секој товар или личност што ќе се обиде да влезе во базата ќе биде спречена.

shto-vsushnost-se-naogja-vo-area-51-03.jpg

Мистериозноста на местото го направи совршен извор за теории на заговор, и тоа уште од изградбата на базата во 1950-тите. Постојат многу претпоставки, но најпознатата е дека овде се проучува вонземскиот живот и се градат вонземски летала.

Некои теоретичари на заговор се убедени дека леталото кое наводно се сруши во Розвел во 1947-ма година, било однесено токму овде.

Но доколку овде нема вонземјани, што всушност се случува?

shto-vsushnost-se-naogja-vo-area-51-04.jpg

Во почетните денови од Студената војна, местото било користено за развој на експериментални летала. Во 1955-та година, Ареа 51 беше местото за тестирање за леталото Lockheed U-2, кое подоцна стана еден од најпознатите шпионски авиони.

Летовите за тестирање на U-2, како и за други летала, резултираа со бројни извештаи за неидентификувани летачки објекти од страна на цивили и пилоти. Се верува дека речиси половина од сите видувања на НЛО во САД помеѓу 1950-тите и 1960-тите можат да се објаснат со овие тестирања.

shto-vsushnost-se-naogja-vo-area-51-07.jpg

Исто така се верува дека овде биле развиени и други напредни воени летала, но властите не кажуваат ништо за тамошната работа, особено во изминативе неколку децении.

Некои луѓе веруваат дека Ареа 51 била користена и за тестирање на украдени советски летала за време на Студената војна.

shto-vsushnost-se-naogja-vo-area-51-06.jpg

На Google Maps можете да најдете сателитски фотографии од Ареа 51. Чудно е што ќе забележите дека на мапите пишува дека овде има и Del Taco ресторан.

Но, сателитските снимки од базата беа строго забранети до 2018-та година. Според извештај од 2006-та година, астронаутите на НАСА од леталото Skylab 4 наишле на спор со ЦИА, кога во 1974-та година фотографирале „градба која официјално не постои“. Се верувало дека оваа градба е Ареа 51.

shto-vsushnost-se-naogja-vo-area-51-05.jpg

Кога станува збор за малите зелени вонземјани и филмските сетови за лажирањето на слетувањето на месечината, за жал, немаме никакви сигурни докази. Па, можеби сепак станува збор само за обична воена база и ништо повеќе.

Loading...