Што се случува откако ќе ја избришете ”FaceApp”

”FaceApp” стана планетарно популарна апликација бидејќи им овозможува на корисниците да видат како би можеле да изгледаат во староста. Но факт е дека ако сакате да ја користите оваа забавна апликација морате да и дозволите пристап до своите лични податоци, за кои тие имаат право на користење.

„Доколку ја избришете апликацијата, тоа едноставно значи дека не можете веќе да ја користите, а не во идинина да ги заштитите вашите приватни податоци“ изјави за ЦНН Џен Кинг, директорка на Центарот за приватност на корисниците на Правниот факултет, при универзитетот Стенфорд.

Таа додава дека компанијата не знае дека вие сте ја избришале апликацијата, а со тоа и не го спречувате нивното право да ги користат вашите податоци.

Поедини компании меѓу кои и ”FaceApp” дозволуваат на своите корисници да пратат барање за бришење на нивните податоци од базата, но нејасно е за колку време, и дали би се завршил ваквиот процес.

На пример ”Facebook” наведува дека на нивниот систем му се потребни 90 дена да го регистрира вашето барање за да прекине да ги користи вашите податоци. Тие всушност не го поседуваат вашиот материјат со слики видеа и слично, но имаат право неограничено да го користат.

Законските регулативи на Европската унија, донесени во мај 2018 година, значително ги заострија критериумите спрема компаниите при заштита на приватните податоци на корисниците.

Адвокатката Мелиса Бреке констатирала дека политиката за приватност на податоците од страна на ”FaceApp” е многу воопштена, што остава дополнителен простор за манипулација. Дури и ако поднесете барање за бришење на вашите податоци од базата, многу од компаниите не се во можност технички да го реалзиираат вашето барање.